Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: дилатативна кардиомиопатија

Со д-р Васил Чипуровски, информираме за прегледи на внатрешните органи. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за дилатативна кардиомиопатија, за што вели:

-Дилатативна кардиомиопатија претставува заболување кое се карактеризира со зголемување на ендокавитарните димензии на левата комора придружено со редукција на глобална систолна функција – ежекционата фракција на левата комора под 55 % во отсуство на примарно коронарно или валвуларно заболување како причина за дилатацијата. Причините можат да бидат инфективни, алкохол, лекарства, генетски и вродени изложеност на дадени токсични материи. Придружни нарушувања се митрална регургитација со централен џет поради ануларна дилатација, функционална трикуспидна региргитација со пулмонална хипертензија и десно и левосрцева, слабост,тромбоемболизам, атријална фибрилација итн.

Дијагностички најзначајно е определувањето на LVEDd дијаметар над 59 мм за мажи и над 53 мм за жени, примена на М-mode како и компарација на енддијастолните и ендсистолните волумени во процена на левовентрикуларната функција и одредување на еѓекциона фракција, исклучување на примарни валвуларни заболувања во настанувањето на дилатацијата на левиот вентрикул.

Диференцијално дијагностички е значајно да се разликува дилатативната кардиомиопатија од исхемичната кардиомиопатија која се карактеризира со истенчени и оштетени ѕидови на миокард како последица на големи последователни миокардни инфаркти како и сегментни нарушувања на кинетика на ѕидот од левата комора.

Терапевските опции покрај конзервативниот медикаментозен пристап со примена на бета блокатори, аке- инхибитори, диуретици и срцеви гликозиди се и хирушкиот третман со миектомија и срцевата трансплантација во високоразвиените медицински центри.