Press "Enter" to skip to content

Пелистер им се врати на победите, победен Кожув во Битола (фотогалерија)

Пелистер – Кожув 1:0 (1:0)

Фудбалерите на Пелистер на домашен терен во Битола во рамките на 20. коло на Вторара фудбалска лига, ја пречекаа екипата на Кожув и славеа нов триумф, овој пат со конечни 1:0, колку што беше и во првото полувреме, а со оваа победа им се вратија на победите по поразот во изминатото коло во Радовиш.Ова е четврта победа од пет пролетни коло за фудбалерите на Пелистер.Единствениот погодок на натпреварот го постигна Бојан Спирокоски кој погоди уште во раната фаза на натпреварот во 6. минута. И во продолжението Пелистер ја имаше иницијативата, двапати ја погоди и рамката од голот на гевгеличани, но резултатот не го променија во нивна корист.

По 20 одиграни кола екипата на Пелистер останува на 2. место на табелата со 45 бодови, а лидер на табелата е Беса  која играше реми, без голови со Детонит, со 51 бод, а Детонит е на 3. место со 42 бода. Арсими е на 4. место со 38 бода. 

More from ВестиMore posts in Вести »