Press "Enter" to skip to content

Пелистер не му даде шанса ни за чесен пораз на Чаир во Битола (фотогалерија)

Пелистер – Чаир 85:55

Во рамките на редовното коло од Првата кошаркарска лига на Македонија екипата на Пелистер во Битола извојува убедлива победа над Чаир со +30 поени.“Чаирчани“ немаа шанса ниту за чесен пораз, а Пелистер беше доминантен во текот на целиот натпревар.По првата четвртина Пелистер омаше предност од +7 (18:11), а до одморот, до истекот на 20 минути од првиот дел разликата ја зголемија 41:26, или +15, а во тој период домашните играа агреасивна одбрана која донесе малку примени кошеви.Во третата четвртина се продолжи со истата игра, а “пелистерци“ ја зголемија разликата. По 30 минути игра беше +18 за Пелистер (63:45). Иако беше одлучен победникот во Битола во последната четвртина Пелистер за шест минути направи 15:5, стигна до 78:50, за конечни +30 на карајот на натпреварот 85:55.Најефикасен кај Пелистер беше Магдевски со 19.поени, следуваа Најт со 17,  Планиниќ со 15, Маслинко со 12. поени… Во Битола дебитораше во зелено- белиот дрес засилувањето Драговиќ с0 солидна минутажа, повеќе од 12 минути.

More from ВестиMore posts in Вести »