Press "Enter" to skip to content

Санкционирани 15 возачи под дејство на алкохол на територијата на СВР Битола

Во текот на изминатата вечер  (08/09.02.2024) во периодот од 21.00 до 03.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 15 возачи, од кои 9 во Битола, три во Прилеп, два во  Македонски Брод и еден во Ресен, а откриени биле и 12 други видови прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

More from ВестиMore posts in Вести »