Press "Enter" to skip to content

“ЈК Травел“ во центарот на светот – ITB Berlin

ЈК Травел, традиционално и оваа година во посета на најголемиот саем за туризам во светот ITB Berlin, на кој учествуваа повеќе од 190 држави од пет различни континенти. Овој саем е место каде се среќаваат луѓе од целата туристичка индустрија во светот а од тука започнуваат многубројни соработки и се реализираат многу идеи.ITB BERLIN е домаќин на туристички работници од 5 континенти и 190 земји, а воедно претставува водечко шоу за патување, бизнис платформа на туристичката понуда  за тур-оператори, развивачите на системи за резервации, авиокомпаниите, хотелите, регионите и земјите.Секоја година ITB Berlin  пречекува повеќе од 10.000 изложувачи од над 190 земји и региони.

Со вкупен број од 190.000 посетители во 2024 година, ИТБ Берлин е центарлна атракција за туристичката индустрија и влијае на искуствата од патувањето ширум светот.Да се биде дел од ITB BERLIN е чест и задоволство! Во рамките на саемот, оставривме средба со клучни туристички оператори од Шпанија, Грција, Турција, Занзибар, Крит, Санторини, Домениканска Република, како и многу други, а со цел директна соработка и можност за најдобро искуство на нашите ценети клиенти кои сакаат да патуваат на овие дестинации, изјавија од ЈК Травел.

Саемот во Берлин, оваа година беше во боите на Оман, како генерален покровител на центарот на Светот, што беше и главно мото на саемот.ITB Berlin претставува иновативна платформа во првите редови на индустријата за патување и туризам од 1966 година, и е означен како најголем светски саем за туризам во моментов.

Во прилог Ви пренесуваме и дел од саемот низ фотографии.