Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: одбележани 115 години од дипломирањето на Ататурк во Битола (фото)

-Една од манифестациите кои во последните повеќе од десетина години се одржува во Битола е одбележување на годишнината од дипломирањето на основоположникот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк во битолската воена гимназија, сегашниот Завод и музеј во Битола, започна со своите новинарски сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолкото новинарство. Пред 10 години, во март 2014 година во Пациото на битолскиот Завод и музеј се одржа голема свеченост на која беа одбележани 115 години од дипломирањето на основоположникот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк, во присуство на амбасадорот на Република Турција во Република Македонија, Ѓурол Сокменсуер, делегацијата на Генералштабот на Република Турција, претставници на Министерството за одбрана на Република Македонија, амбасадори и воени аташеа, градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески.-Турската воена гимназија каде што се школувале многу команданти кои зеле учество во Турската ослободителна војна на чело со Мустафа Кемал- Ататурк е образовна институција која во голема мера придонесе за развојот на неговата личност,  а тука го започна процесот на формирањето на својата интелектуална свест под водство на успешните и познати педагози од тоа време, во 1898 година ја заврши воената гимназија, беше истакнато на свечениот настан.По свеченостите во Пациото беше посетена спомен собата на Мустафа Кемал Ататурк каде воените офицери и питомци се запишаа во спомен книгата. Исто така беше засадено и
дрво во дворот на Заводот и Музеј во Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »