Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер 2 со сигурна победа во Битола, совладан Скопје (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер 2 – Скопје 39:22 (16:12)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 на свој терен, во Битола во рамките на 5. коло од плеј-аут фазата, ја запишаа третата победа во битката за опстанок, го победија Скопје со резултат 39:22, полувреме 16:12.Натпреварот во првите минути беше израмнет 3:3, а потоа гостинскиот тим од Скопје дојде на +3 (3:6). 6:3. Водството на Скопје беше само неколку минути, а потоа се со дојде на свое место, екипата на Михајловски го врати резултатот во своја корист. Младите “пелистерци“ постигнаа седум гола во низа, се одлепија на 11:7. До крајот на полувремето не дозволија по втор пат гостите да имаат шасна за пресврт и на осмор се заминаа 16:12.Вториот дел се продолжи како и во првиот, а квалитетот на домаќините се покажа и на паркетот. Само по десетина минути беше +8 за Еурофамр Пелистер, 24:16, а преднста се зголемуваше до крајот, кога се заврши со конечни +17 гола разлика (39:22).Најефикасен во “двојката“ беше Богдан Мијушковиќ со осум погодоци.

More from ВестиMore posts in Вести »