Press "Enter" to skip to content

Сеќавање за холокаустот на Евреите во Битола и “Поворка на живите“ (фотогалерија)

И оваа година традиционално во Битола се одржа сеќавање за холокаустот на Еверите од Битола кој се случи во 1943 година, кои на 11 март 1943 година беа депортирани 3.500 илјди Евреи во логорот на смртта Треблинка, а живееја во Битола во Еврејското мало и на други локации во градот.Општина Битола, Еврејскта заедница и Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија со “Поворка на живите“ што се одржа од еврејското маало до Железничката станица, одбележаа 81 година од холокаустот на битолските Евреи. Според востановената традиција во Битола пристигнаа повеќе гости од Израел, од Еврејската заедница во Македонија.Комеморативната програма почна со оддавање почит пред споменикот на депортираните Евреи од Битола – „Камена менора“ и споменикот на народната хероина Естреа Овадија Мара, каде цвеќе положија претставници на Евреите од Белград, Србија на Евреите од Македонија, невладини организации и поединци,  студенти и ученици.Цвеќе положија пратеничките Марија Кочовска, Олга Лозановска и Силвана Ангелевска, амбасадорката на Германија во земјава Петра Дрекслер, градоначалникот на Битола Тони Коњановски, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, претставници на Советот на Општина Битола.-Битола како културен и историски центар, но и град страдалник, град кој и 81 година по депортацијата на битолските Евреи не заборава на 11 март, не го заборава трагичниот ден и оддава почит на своите сограѓани. Целта е да паметиме и да не заборавиме, да не се повторуваат тие тажни моменти, а ние како Битола и битолчани, секогаш ќе го чуваме споменот за нашите сограѓани и ќе го чуваме во нашата меморија, истакна градоначалникот Коњановски.-Денеска е денот кога се сеќаваме на едно многу тешко време, на денот кога најголем дел од нашите претци беа собрани и од бугарскиот фашистичкиот окупатор однесени во логор каде никој не преживеа. Битола е град за кој секогаш со љубов зборуваме за нашите претци, се сеќаваме на убавиот соживот, на приказните што сме ги дознале од нашите претци, за другарството и пријателството, за соработката во чаршијата и за дружењата меѓу соседите. За жал, ова е време кога не треба да заборавиме дека и денеска во светот постојат вакви лоши моменти и чувства и затоа сакаме да ја пренесеме пораката дека ова никогаш не треба да се повтори – нагласи Здравко Шами, поранешен претседател на Еврејската заедница во Македонија, во моментов претставник на Еврејската дијаспора.Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска беше дел од “Поворката на живите“ и за тоа вели:-Имаме морална обврска постојано да се бориме за соживот и напредок за да успееме да го зачуваме споменот за жртвите на Втората светска војна, потврдувајќи ја нашата истрајност во борбата за мир, слобода и демократија. Одбележувањето на Денот на холокаустот е поттик да ја потврдиме нашата посветеност кон принципите и целите на Повелбата на Обединетите нации и Универзалната декларација за човековите права, затоа што, како што вели, денес се актуелни нови форми на геноцид и фашизам.Во „Поворка на живите“ од Здравствен дом „д-р Хаим Абраванел“ до железничката станица се вклучија и претставници на невладини организации и граѓани на Битола, кои на шините поставија цвеќе во знак на сеќавање и почит на битолските Евреи кои на 11 март 1943 година беа депортирани во логорот на смртта Треблинка. На железничката станица во Битола се обрати градоначалникот Коњановски, претседателката на Еврејската заедница во Македонија, гости од Израел, а студентите од Израел исполнија и музички нумери.Во сеќавањето за холокаустот на Еверите од Битола беа вклучени и ученици од Гимназијата “Јосип Броз Тито“ од Битола. 

More from ВестиMore posts in Вести »