Press "Enter" to skip to content

Со посета на Еврејските гробишта започнаа комеморативни активности во Битола по повод 81 година од депортацијата на македонските Евреи (фото)

Денес во Битола зо рамки на Комеморативната програма по повод 81 година од холокаустот на македонските Евреи ќе се реализираат повеќе активности, кои започнаа со посета на Еврејстките грибишта во Битола од страна на голема делегација од Израел.На Евреските гробишта под водство на неуморната Рахела Шели Друмер Леви беше одржано литературно читање на десетина гости, беа изведени неколку музички нумери, а свое обраќање имаше и рабинот.Потоа беа посетени неколку гробови на кои беше положен цвеќе, а традиционално беа оставени и камчиња на гробовите.Во Битола ќе продолжат активностите пред Споменикот на депортираните Евреи од Битола – „Камена менора“ и споменикот на Естреа Овадија Мара ќе биде положено цвеќе, од страна на градоначлникот на Битола, Тони Коњановски, а претходно во неговиот кабинет ќе биде примена од негова страа и израелската делегација.Пратеничките Марија Кочовска и Олга Лозановска ќе положат цвеќе на Споменикот на жртвите на Холокаустот од Битола.Потоа ќе следува „Поворка на живите“ од Здравствениот дом „д-р Хаим Абраванел“ до железничката станица, каде ќе се обрати градоначалникот Тони Коњановски.Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Република Македонија од 9 до 11 март 2024 година одбележуваат 81 година од холокаустот на македонските Евреи. Активностите почнаа вчера во Битола, со театарската претстава „Детето во пругасти пижами“ во Народниот театар.На 11.03.1943 година, 7.144 македонски Евреи од Скопје, Битола и Штип се депортирани во „логорот на смртта“ – Треблинка што е и еден од највисоките проценти на депортирани Евреи во светот според бројот на население (98 отсто).

More from ВестиMore posts in Вести »