Press "Enter" to skip to content

Битола доби 17 хуманитарни паркинг простори на “Цар Самоил“ и “Борка Левата“

Битола доби хуманитарни паркинг места ќе ги користат сите граѓани, а се наоѓаат на улиците “Цар Самоил“ и “Борка Левата“, а граѓаните ќе ги препознаваат по црвените срца кои се нацртани на асфалтот.

-Готова е реализацијата на 17-те хуманитарни паркинг простори на улица “Цар Самоил“ и улица “Борка Левата“. Овие хуманитарни паркинг места ќе ги користат сите граѓани, односно кога ќе паркираат на хуманитарен паркинг простор кој ќе биде обележан со црвена боја и посебна зона на дадената табла, паричните средства ќе се собираат во ставка Социјални Бенефиции од Буџетот на Општина Битола, каде истите ќе се доделуваат на ранливи категории, финансиска помош за болнички трошоци, донации и други социјални потреби, велат од “Левица“.

После изгласаната иницијатива, советничката група на “Левица“ поднесе одлука во Советот на Општина Битола за хуманитарни паркинг простори кои ќе ги користат сите граѓани, а оддлуката е едногласно прифатена.

More from ВестиMore posts in Вести »