Press "Enter" to skip to content

Одбојкарките на Пелистер Волеј победија во Струмица

Виктори Волеј – Пелистер Волеј 2:3

(23:25; 25:14; 25:20; 14:25; 7:15)

Одбојкарките на Пелистер Волеј извојуваа тешка победа од Струмица во натпревар во кој настапија некомплетени со изнудени решенија, по малата реконструкција на тимот во измината седмица.

Тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски за оваа победа во Струмица вели: 

-Промената во тимот донесе да направивме рекорден број на грешки кои на крајот можеа да бидат кобни, па вистинско чудо е како се извлековме од катастрофалната игра во вториот и третиот сет, за да целосно се стабилизираме во четвртиот и петтиот со што не дозволивме сензација на младата и борбена екипа на Виктори. Убаво е кога и на ваков начин се победува, а патоказот води во еден правец – кон салата во која мора да се посветиме целосно доколку сакаме да го задржиме вистинскиот курс.

Поените за Пелистер Волеј ги освоија. Стефани Најдановска 26, Ивана Белокозовска 12, Андреа Стојановска 11, Лиле Лозановска 8, Емилија Бицевска 7, Марија Димитровска 5 и Евгенија Јовчева 1.

More from ВестиMore posts in Вести »