Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: Што значи ФРЕНЕМИ – Како да откриеме ? Кој е наш френеми и препораки да се заштитиме…

Во истражувањата објавени во “Health Psychology“ се доакажа дека во средбата со личност со која имаме амбивалентен однос- не и веруваме или не ја сакаме, но наизглед сме пријателски расположени – нашиот крвен притисок расте многу повеќе од колку во средба со прав пријател или прав непријател. Имаме различни пријатели и различни пријателства. На пример, Аристотел направил разлика помеѓу пријателства засновани на корис, задоволство и доблест.

 Еден од Исусовите ученициЛука 6:27-28 Преводот на страстите) (Но, јас велам на вас, кои слушате, сакајте ги своите непријатели и правете нешто прекрасно за нив за возврат на нивната омраза. Кога некој ќе те проколне, благослови ја таа личност за возврат. Кога другите ве малтретираат и малтретираат, прифатете го како ваша мисија да се молите за нив.( Лука 6:27-28 Преводот на страстите) 

На овој начин  Лука зборува за непријателите. Но оние „пријатели“ кои го предадоа Исус? Или  пријател кој понекогаш може да се однесува предавнички.

Можеби не го знаеле значењето на  ФРЕНЕМИ  англиски (Frenemy/ies).  Зборот Френеми  Frenemу или множина Frenemiesе е составен  од френди непријател ПРИЈАТЕЛ И НЕПРИЈАТЕЛ. Штета што кај нас во јазикот нема соодветна паралела. За прв пат употребен во кампања за претседателски избори во 2019 година во САД.

Што е Френеми?

Тоа  е добар начин да се опише амбивалентен однос со “пријател’. Некако како пријател кој не е, или  лажен пријател. Тој само се преправа дека е или се чини дека е, но отворено кажано, еден вид непријател или ривал. Да речеме, тој не те поддржува, туку сака да те поткопува, да манипулира со твоите чувства или да зборува  лоши работи зад грб… Во  животот имаме повеќе  Френемиси одколку непријатели и сигурно повеќе од пријатели бидејќи тие (вистинските пријатели) е многу  тешко да се најдат.

Како да ги откриете?

Ниту најдобрите меѓу нас не ги забележуваат лесно, бидејќи однесувањето е толку добро моделирано, што наивно веруваме во пријателското лице што го гледаме. Дури, понекогаш бесот е толку суптилен што секое сомневање за дадено „пријателство“ би изгледало како параноја. Меѓутоа, меѓу нас има и такви кои забележуваат бес, но не сакаат да се соочат со вистината: и се прашуваат „Зарем не ми посакува добро?!“ 

Истражувања

Овој амбивалентен однос на Френеми го истаржувале последните години Abec и многу други.  Постојат  три типа на Френемија: конкурентски, дволични и манипулативни. Група научници утврдиле три заеднички карактеристики на „френеми“ односите: компетитивност, љубомора и недоверба. 

Компетитивноста на односот се карактеризира со ривалство и натпревар, било да станува збор за приватен или деловен однос: потоа следува завидливост заради тоа што некој има повеќе: 

-или подобри општествени, социјални  врски,

-повеќе материјално е сигурен и сл.

-недоверба…

Френеми може да биде било кој: 

-колега кој е спремен да ги превземе заслугите за себе, иако сте „другари“или

-некој кој сака да се вметне наместо вас во некоја романтична врска со вашиот партнер.

И во такви односи, можеби чувствувате некоја опасност, бидејќи интуитивно и она чувство во стомакот во порачува да бидете внимателни со таа личност. 

Кога зборуваме за дволичен френеми, предавството не е само можност, тоа е права закана.  Вообичаено може Таа личност да е полна со подршка и пријателски расположена, но премногу спремна да ве озборува или зборува за вас лошо зад грб. Тоа може да биде колега или соработник кој слуша со искрено сочуство кога зборувате за непријатностите со шефот, а потоа му ги пренесува тоа на шефот и се зафркава на ваша сметка дека сте „неспособен губитник“.

Френемито  е генерално суптилен и користи помалку агресивни средства за да добие она што сака од другата личност. Една типична стратегија е Емоционална манипулација било со поткопување  на самодовербата низ директна критика или со пренесување на негативни повратни информации од другите, а тука е и тактиката со молчење или лутење.

Целта ги оправдува средствата

Интересно е дека овие се манипулативни непријатели- оние кои имаат високи резултати во макевијализмот, патологија на личност која, која ја карактеризираат ниска емпатија и висок цинизам.– често се согласуваат со изјавите како што е: најдобар начин да се носите со луѓето е да им кажете она што сакаат да го слушнат.

Уште пострашно е може да е, ако се препознавате себеси тука. Интересно е дека поголем број личности ги трпи препознаените  Френемис  многу долго, без да превземат никаква акција.  Тоа е паракдоксално однесување. Ако некој ве омаловажува, издава, манипулира со вас, зошто би одржувале таков однос со него. Тоа е толку интересно однесување што три автори го истражувале и го објавиле во Western Journal of Communication. Тие објасниле зошто не држиме дистанца во однос на френемите, како што би направиле со правите непријатели

Истакнале најмалку три основни причини: зачување на образот и избегнување на конфликти, одржување на социјални контакти и затоа што тој однос е корисен односно прекинот е премногу скап или незгоден.

Амбивалентните односи се поврзуваат не само со лошо физичко здравје, туку се јавуваат и чувства на депресија и намалени способности за да ефикасно се носат со стресот.Често „корист“ од френемите е помала од штетеа која ја нанесуваат. 

Препорака:

-Колку и да мислите дека е корисно или храбро да ги имате близу, треба што побрзо да ги отстраните

-Амбивалентниот однос има негативен ефект предизвикувајќи : стрес, кардиоваскуларни проблеми – висок притисок, депресивно расположение или меѓучовечки конфликти. 

Според Ангела Фикен, психотерапевт специјализиран за анксиозност. Тие се посмртоносни од вистинските непријатели. Затоа најдобро би било да се оддалечиме кога ќе ги забележиме.

Искуства

За сите кои доживеале такво пријателство кое не е, треба да се каже дека постојат и позитивни страни. Испитаниците кажале дака бараат и заслужуваат пријателство, а исто така добиле животна лекција: Сега сум повнимателен  и гледам како да се однесувам спрема другите пред да им се доближам“.

Да се научи како да се биде прав пријател е посебно поглавје. Ако преиспитувате некои свои односи, треба да утврдите кој ви ПРАВ пријател, а тоа сигурно го знаеме. Мишел де Монтењ, француски мислител, пишувал за право пријателство кое „расте, се негува и унапредува“со уживање…а душата станива уште попрефинета со негово вежбање“.

Позитивно влијание на пријателстото: дружење, помош, интимност, сигурен сојуз, емоционална сигурност. Ако знаеме дека ова е право пријателство тогаш јасно ќе ни биде кој ни е ФРЕНЕМИ.

Можеме ли и Ние да бидеме Френеми?

Дали ако чувствувам амбивалетност спрема некој, можеби тоа доаѓа од таму што ЈАС ние, му сме френеми на некој или таа личност?

Запрашајте се како луѓето од вашето опкружување можат да ве гледаат. И дали сте влегле во нездрави модели на пријателство: можеби изразувате лутина која потајно го трује вашиот однос.. Затоа седнете и запрашајте се што можете да пружите на себе- подобри пријатели или да бидете подобар пријател на другите.