Press "Enter" to skip to content

Утре во Битола премиера на краткометражниот филм “Амин“ во режија на Ана Марија Јанковиќ.

Во организација на “Генерал Филм Студио“ од Скопје утре во Центарот за култура во Битола, во “3Д киното“ ќе биде премиерата на краткометражниот филм “Амин“ во режија на Ана Марија Јанковиќ.Во филмот играа битолските актери Петар Горко, Маја Андоновска – Илиевски и Петар Мирчески. Продуцентот на краткометражниот филм е Дарио Јанковиќ кој има голема поврзаност со Битола и е познат на битолчани.Директор на фотографија е Кристијан Теодоров, а музиката е на Димитар Андоновски.Премиерата е закажана утре во 19 часот, а скопската промоција е закажана за 14 март во “Синеплекс“.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »