Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: кривична за полицаец за семејно насилство врз невенчана сопруга, физички напад, каснувања од кучиња скитници

СВР Битола – Отсек за криминалистичка полиција поднесе кривична пријава против  полициски службеник во Полициската станица Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “телесна повреда при вршење на семејно насилство“, казниво по член 130 став 2 од Кривичниот законик. На 29.01.2024 во Битола, полицаецот физички ја нападнал неговата невенчана сопруга и ѝ нанел телесна повреда. Исто така, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе предлог за поведување на постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР и член 26 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците на МВР. Одделот за внатрешна контрола изрече и мерка за одземање на оружјето од пријавениот полициски службеник. 

На 11.03.2024 во 13.45 часот во СВР Битола, Д.М. (76) од Битола пријавил дека во Битола бил физички нападнат од лице од Скопје во домот на пријавениот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 11.03.2024 во 12.30 часот во СВР Битола, С.Б. (42) од с.Логоварди, општина Новаци,  пријавил дека на ул. „Димитар Радосављевиќ” во Битола бил каснат од куче скитник.

На 11.03.2024 во 09.00 часот во СВР Битола, А.К. (60) од Битола пријавил дека на ул. „Димче Лахчански” во Битола била касната од куче скитник.

More from ВестиMore posts in Вести »