Press "Enter" to skip to content

Вечерва во Битола премиера на “Амин“ краткометражен игран филм во режија на Ана Марија Јанковиќ (фотогалерија)

Вечерва во Центарот за култура Битола премиерата на краткометражниот филм „Амин“ на младата Ана Марија Јанковиќ предизвика голем интерес. Ана Марија Јанковиќ студира режија, студент на трета година, но веќе прави сериозни чекори во режија и ова е нејзин прв проект. На премиерата целата екипа од филмот доби силен аплауз.Филмот е во продукција на “Генерал Филм Студио“, а во филмот играа битолските актери Петар Горко, Маја Андоновска – Илиевски и Петар Мирчески.Директор на фотографија е Кристијан Теодоров, а музиката е на Димитар Андоновски. Продуцент на краткометражниот филм „Амин“ е Дарио Јанковиќ Генерал.Цела екипа ги поздрави присутните и се заблагодаrи за силниот аплауз.Ана Марија Јанковиќ возбудено се обрати кон публиката:-Многу ми е мило и среќна сум што оваа премиерата на филмот токму од Битола. Екипата во филмот е битолска. Овој филм немаше да се случи без поддршката на Факултетот Скопје, потоа бистро Бела куќа. Најповеќе благодарност до мојот татко, продуцентот Дарио Јанковиќ, без кој немаше овој проект да изгледа вака.Актерите во филмот Маја Андоновска – Илиевски и Петар Горко се обратија посебно со зборовите:

-Многу ми е драго што една студентка на режија направи еден толку сериозне проект, собра битолска екипа. Се надевам и верувам дека ќе се гледа на многу филмски фестивали. Нејзинот филм започна од Битола. Исто така мило ми е што екипата во филмот тргна од Битола. На режисерката Ана Марија Јанковиќ и посакувам уште многу филмови во кои ќе учествуваат актери од Битола, рече по прмоцијата актерот Петар Горко.

-Вечерва и јас прв пат го гледав филмот и да бидам искрен се плашев како ќе го доживеам. Да се снима филм е нешто величествено, а да се гледа уште повеќе и јаа така го доживеав. Се уште сум по импресиите на гфилмот. И посакувам многу успех на Ана Марија понатаму со овој филм, но и многу други филмови, рече  Маја Андоновска – Илиевски.По промоцијата во фоајето на Центарот за култута се одржа и непосредна средба со режисерката и актерите од филмот.Премиерата на краткометражниот филм „Амин“ е закажана за 14 март во “Синеплекс“ кино.Ж.Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »