Press "Enter" to skip to content

На Педагошки Битола одржан вебинар “Се може да се одложи, само грижата за талентите не“ (фото)

На Педагошкиот факултет – Битола, единица на УКЛО, на 12 март 2024 г. се одржа вебинар на тема,  Се може да се одложи, само грижата за телентите не, по повод Меѓународниот ден на надарените и талентираните.Со вклученост на повеќе релевантни чинители, опфатени се согледувања поврзани со детектирањето, комуникацијата и предизвиците со  надарените и талентираните, во насока на сензибилизирање на општествената јавност, мобилизација на институционалните ресурси и потребата за подигнување на индивидуалниот развој и внатрешната мотивација кај млади луѓе со исклучителна дарба и предиспонираност.  

Во обраќањето за задачата на државата  кон талентираните како идни креатори на промените и развојот, министерот за образование и наука, Јетон Шаќири потенцира дека нашето поднебје е ризница на таленти од различни области.

Професорот од Педагошкиот факултет – Битола, Љупчо Кеверски експерт во областа, се осврна кон повеќе клучни аспекти меѓу кои глобалните предизвици, мисија на УКЛО со надарени и талентирани и импликацијата на досегашните активности. „Раководство на УКЛО предводено од ректорот, проф. д-р Игор Неделковски и неговиот тим, со бројните и конкретни активности го легитимираа УКЛО во македонскиот, но и поширокиот европски образовен простор како препознатилив носител на промените и третманот на надарените и талентираните во студентската популација“. Професорот Кеверески посочи дека УКЛО ја препозна потребата –  универзитетската средина да биде природен амбиент за организирана поддршка на младите таленти и нивно вклучување во научно-истражувачка работа и ги активира постојните кадровски ресурси, што е посебно поддржано од менаџментот на УКЛО.

Ректорот, проф. д-р Игор Неделковски ја нагласи улогата на УКЛО иновативно да се посвети на унапредување на капацитетите на овие млади луѓе, потсети дека Универзитетот донесе неколку стратешки документи за талентираните и  поднесе иницијатива за основање Институт за талентирани и надарени, како единствена македонска установа од овој вид.

Деканката на Педагошкиот факултет – Ботола, Данче Сивакова – Нешковски  истакна дека оваа единица на УКЛО има водечката улога на планот на надарените, особено затоа што од 2012 и 2015 г. акредитирани се студиски програми за Образование на надарени и талентирани на втор и трет циклус студии.„Важноста на овој вебинар ја потрдуваат сите институции кои учествуваат во неговата реализација: МОН, универзитетот „Св. Климент Охридски“, Педагошкиот факултет во Битола, како и Асоцијацијата за надарени и талентирани. Не е случајно што  Педагошкиот факултет во Битола по повод Меѓународниот ден на надарените и талентираните го организира овој настан. Тој веќе двапати беше организатор и домаќин на конференции за талентираните и надарените, како и на бројни работилници, семинари и тркалезни маси кои ја третирале оваа тематика. Затоа нескромно можам да констатирам дека нашиот факултет е лидер во таа област. Бидејќи УКЛО e првиот и единствен македонски универзитет кој е дел од европската универзитетска алијанса КОЛОРС, тоа им овозможува на новите генерации да учат и работат во различни европски земји, на различни јазици, во различни сектори и во различни академски дисциплини. На тој начин, студентите добиваат дипломи од комбинирани студии од неколку европски земји, што придонесува до меѓународна конкурентност на европските универзитети. КОЛОРС  ќе овозможи целосна дигитализација на процесите на УКЛО, како и заеднички студиски програми, размена на студенти и кадар, особено развој на надарените и талентираните студенти во рамките на Алијансата.https://uklo.edu.mk/moodle/course/view.php?id=80

Одржаниот настан посветен на грижата за талентите, за младите кои се истакнуваат со дарба и  способности, се оценува како активност за поврзување на комплексните и клучни аспекти, но и сите чинители важни во препознавањето, грижата и насочувањето на талентите низ образовниот систем и во општеството.

More from ВестиMore posts in Вести »