Press "Enter" to skip to content

Одбележани 125 години од дипломирањето на Мустафа Кемал Ататурк во воена гимназија во Битола

Во НУ Завод и музеј Битола се одржа свеченост на која беше одбележана 125 годишнината од дипломирањето на основоположникот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк во битолската воена гимназија. На одбележувањето присуствуваа в.д. амбасадорот на Република Турција во Република Северна Македонија Џунејт Таљха Озјурек, заменикот на министерот за одбрана Тирон Јајага, претставници од Министерството за одбрана и единиците на Армијата, градоначалникот на општина Битола и претставници од локалната самоуправа.-Времето на Кемал Ататурк поминато во Битола постави основи за оформување на неговата космополитска интелектуална свест која подоцна освои нови хоризонти и перспективи. Ататурк во Битола се здоби со основните воени вештини и највисоки вредности, создаде нераскинливи врски и изгради мост на вечно пријателство меѓу Република Северна Македонија и Република Турција. Во оваа прилика ја истакнувам одличната соработка во сферата на одбраната меѓу нашите две пријателски земји, која почна во 1994 година со упатување на старешински кадар во престижните турски едукативни центри и е во континуитет. Република Турција како наш стратешки партнер перманентно и помага на Република Северна Македонија придонесувајќи во процесот на нејзина модернизација и интероперабилност на армиите во НАТО алијансата, истакна генерал мајор Азир Нуредин, заменик-началник на Генераштабот на Армијата на РС  Македонија.Военото аташе на Република Турција во Скопје, полковник Реџаи Јилмаз, на денешната свеченост истакна:

-Градот Битола во времето на Ататурк, беше еден од најважните стратешки региони на Балканот и е со длабоко вкоренета историја. Времето на Ататурк во Битола е напишано со златни букви во нашата епопеја затоа што се однесува за голем државник и интелектуалец. Основачот на модерна Турција е основач на врските меѓу двете држави кои се темелат на взаемна култура, историја, почитување и соработка, рече меѓудругото полковник Реџаи Јилмаз.Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски присуствуваше на свеченоста, каде заедно со претставници на голем број делегации од нашата држава и од Република Турција, положи цвеќе пред споменикот на Ататурк.Во рамки на свеченоста, ученици од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ од селото Канатларци читаа поезија, а според востановената традиција, гостите од двете држави положија цвеќе пред спомен бистата на Ататурк во битолскиот Музеј.

More from ВестиMore posts in Вести »