Press "Enter" to skip to content

Потсетување: Неговите најблиски и Битола, десет години без Петар Милошевски-голманската легенда

Веста која пред десет години го потресе секој љубител на фудбалот во Битола и цела Македонија беше неочекувана и лоша, почина голманот кој потекна од Битола, од Пелистер, голманот на Пелистер и македонската репрезентација, Петар Милошевски, во сообраќајна несреќа враќајќи се од ревијален фудбалски меч во Куманово.Битолскиот и македонскиот фудбал остана без човекот кој сите го сакаа, го почитуваа, за кој никој нема кажано лош збор, човек закој сите зборуваа во суперлативи, кој остави голема и неизбришива трага во битолскиот и македонскиот фудбал.

Пред десет години, битолските љубители на фудбалот од него официјално се збогуваа на првенствениот фудбалски натпревар помеѓу екипите на Пелистер и Македонија ЃП, а тој ден беше можеби најтешкиот ден за сите кои беа под Тумбекафе, ден кога неговите најдобри другари Гаштаро и Веле, излегоа на терен во дресови, подарок од Петар и со негова голема фотографија, фудбалерите со маици со неговиот лик, тагата завладеа на стадионот под Тумбекафе.Претходно беше одржана и комеморативна седница на која присустуваа неговите најблиски, роднини, градоначалинот на Битола Владимир Талески, Сојузот на спортови, фудбалери, пријатели, навивачи…Не само во Битола, туку во солзи за загубата беа и турски Трабзон и кипарски Енозис, клубови каде што мина најголем дел од својата кариера.За да не биде заборавен во негова чест тренинг-центарот во комплексот куќа на фудбалот го носи неговото име и  стадионот “Тумбе Кафе“  го носи името на Петар Милошевски.Милошевски започна меѓу стативите во Пелистер, потоа во Вардар и по само една сезона, да го има во тоа време најголем трансфер во  турски Трабзонспор,  од 1998 до 2000 година. Во Турција играше и за Малатијаспор (2001-2004) и Акчабат Себатспор (2004-05), по што се пресели на Кипар – во Енозис Паралимни каде што мина седум години, од 2005 до 2012 година по што ја заврши и кариерата. Боите на македонскта репрезентација во црвено-жолт дрес на Македонијаго бранеше 59 пати од 1998 до 2011 година, а од 2012 година откако ја заврши кариерата стана директор на фудбалската репрезентација.

С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »