Press "Enter" to skip to content

Енергичен настап на “Фрајле“ на концертот во Центар за култура Битола (фотогалерија)

Концерт со многу емоции… Бескрајна љубов, прегратки, срце полно со музика и насмевки… како што ветија во најавата пред концертот во Битола за нашиот портал харизматичните “Фрајли“  исполнија и повеќе од тоа.Миленички на женскиот дел публика на која и се обраќаат во свој стил ја испочитуваа со концерт кој започна во 21, а заврши после 23:30 часот. Големата сала на Центар за култура се исполни до последното место. Оние кои дојдоа поминаа повеќе од 2 и пол
часа со музика од различен жанр.Публиката пееше и играше заедно со енергичните “Фрајли“ . Наташа Михајловиќ, Невена Буча и Јелена Буча сите по потекло од Војводина и се разбира име “Фрајле“ оваа година одбележуваат 15 години заедничка кариера.  Истакнаа дека за овој период имаат издадено 8 студиски албуми.Нив ги придружуваа музичарите Владимир Самарџиќ – бас гитара, Ѓорѓе Филиповиќ – соло гитара, Бранислав Танчиќ – клавир, Филип Танчиќ – тапани.

“Ночас си моје вино“, “Ich liebe dich“, “Ми требаш ти“… На концертот покрај омилени песни познати на публиката, премиерно изведоа песни од новиот албум “Дневник душе“ …
Македонската песна „Јовано Јованке“ во аранжман на Фрајле ја воодушеви публиката.Секако и блок „Бечарац“ со традиционални песни од Војводина “Моја мала нема мане“, “Ево банке Цигане мој“, “Три метера сомота“… со кои низ енегичен настап ја разиграа публиката. Како што кажаа тие ноти ги носат во душата, бидејќи ние се војводинки од Нови Сад.

Концерт во рамки на регионална турнеја која започна со Белград, а Битола е втор град,
потоа продолжуваат и во други градови во Македонија.На концертот ја истакнаа соработката со Лозано со кои ја испеаја песната „Пријател“. И со Сергеј Четковиќ, Сања Долежал од Нови Фосил, Ади Сошет од БиХ, Лука Баси од Словенија.

-Лозано е прекрасен и соработката со него беше инспиративна, а духот на Македонија и даде посебен шмек на песната. Заблагодарете му за тоа, порачаа “фрајлите“.

Фрајли со музичка креативна работилница имаат многу проекти. Како што е автобиографијата на Јелена “Како станав Фрајла“, која ги опишува авантурите на патот до успехот во изминатите 15 години. Врз основа на книгата е создадено кабарето „Како сам (п)остала фрајла“, чиј продуцент е Невена, а кој наскоро ќе се “игра“ во Македонија, каде нè играат три актерки од Нови Сад. Наташа има и своја музичка авантура, а синглот „Странац“.Автобиографијата на Јелена Буча “Како станав Фрајла“ фановите и љубителите на пишаниот збор имаа можност ја купат и да добијат потпис после концертот. Исто така Фрајлите ги испочитуваа и фановите оние кои сакаа да се фотографираат со нив.

Жанета Ристевска
Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »