Press "Enter" to skip to content

И официјално, Никола Митревски прво засилување во Битола за идната сезона на Еурофарм Пелистер,

Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер од Битола го претстави првото засилување за сезоната 2024/25.
 
-Ни претставува задоволство што капитенот на македонската репрезентација, Никола Митревски, повторно е наш член.  Митревски се враќа во својот матичен клуб и ќе го поведе нашиот тим во следните две сезони. Во нашиот тим доаѓа уште еден искусен ракометар, постојан учесник во Лигата на шампионите и роден шампион. По четири сезони во првакот на Португалија, Порто, Митревски ќе застане на голот на Еурофарм Пелистер, соопштија од Еурофаррм Пелистер.
 
Митревски во својата кариера го носеше дресот на Констанца, Бенфика, Металург и Вардар.
More from ВестиMore posts in Вести »