Press "Enter" to skip to content

Митревски потпиша на две години за Еурофарм Пелистер, по четири години се враќа во Битола

Како што беше најавено, попладнево, поранешниот капитен на Еурофарм Пелистер од Битола и голманот македонската репрезентација Никола Митревски го стави потписот на новиот двогодишен договор, кој ќе започне да важи од идната ракометна сезона 2024/25. Еурофарм Пелистер со Никола Митревски добива уште еден искусен ракометар, кој е постојан учесник во Лигата на шампионите, кој по четири сезони во првакот на Португалија, Порто, Митревски ќе застане на голот на Еурофарм Пелистер.  Митревски во својата кариера го носеше дресот на Констанца, Бенфика, Металург и Вардар.Митревски денес во клубските простории договорот го потшиша со Ѕвонко Шундовски, а присутен беше и тренерот Бранислав Ангеловски.

More from ВестиMore posts in Вести »