Press "Enter" to skip to content

Нова победа на кошаркарите на Пелистер

Вардар – Пелистер 74:86

Кошаркарите на Пелистер од Битола во рамките на 20. коло од Првата кошаркарска лига на Македонија победи на гостувањето во Скопје, против екипата на Вардар со резултат 74:86. На екипата на Вардар не му помогнаа ни двете засилувања од Пелистер, па остануваат најслабиот тим во шампионатот, а битолчани повторно без искусниот Александар Костоски.

Пелистер помотивирано го отвори натпреварот во главниот град и уште во првата четвртина ја најави сигурната победа над „црно-белите“. На првата мала пауза се замина со 15:22, а на изненадување на сите вториот квартал им припадна на домаќините (22:19) кои направија серија од (16:5), и поведоа, со (31:27). До крајот на првото полувреме, Пелистер ја врати предноста (41:37), по одморот се стекна и со двоцифрено водство (63:53).

По одморот екипата на Пелистер презеде сè во свои раце и триумфот во ниту еден момент не го доведе во прашање, а се стекна и со двоцифрено водство (63:53). На почетокот на последната четвртина беше 70:53. Вардар дојде до 67:74  и потоа до 69:75 на 3:28 минути до крајот. Маслинко и Најт ја вратија двоцифрената предност на страната на Пелистер, 69:79, за печат на победата. 

Маслинко ја заврши оваа средба со 23 поени (осум скока и четири асистенции), двоен број на поени 20, и скокови – 10, имаше Планиниќ, додека пак Магдевски го затвори мечот со 20.поени, плус седум асистенции и пет скока.

По 20 одиграни натпревари, Пелистер има ефект (14:6).