Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: повторно семејно насилство, млади момчиња притворени за марихуана, цистерна излетала од патот кај Ивањевци, каснувања од кучиња скитници

На 13.03.2024 во 12.40 часот во СВР Битола, 23 – годишна битолчанка пријави дека нејзиниот сопруг физички ја нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 13.03.2024 во 13.40 часот на ул.„Смилевски Конгрес“ во Битола, полициски службеници од  СВР Битола  лишиле од слобода две лица на возраст од 22 и 20 години, двајцата од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.03.2024 во 06.45 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот А-3, во близина на село Ивањевци, општина Могила, товарно возило „ман“ со цистерна со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 39 годишник од Росоман, излетало од коловозот. Притоа, со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола и инспектор од Државен инспекторат за транспорт.

На 13.03.2024 во 13.20 часот во СВР Битола, П.А. (43) од Битола пријавил дека на ул.„Генерал Васко Карангелевски” бил каснат од куче скитник.

На 13.03.2024 во 21.40 часот во СВР Битола, М.П. (20) од Битола пријавил дека на ул. „Кочо Рацин” бил каснат од куче скитник

More from ВестиMore posts in Вести »