Press "Enter" to skip to content

Фото вест: “Којотите“ од Јени Маале од Битола заминаа за Загреб

Екипата на фудбалскиот клуб Јени Мале од населбата во Битола која го носи истото име и годинава во рамките на планот на клубот организира фудбалска турнеа, а овој пат целта е Хрватска, градовите Заргеб и Осиек.

-Продолжуваме со нашата идеја и цел, да не бидеме само фудбалски клуб, туку да бидеме повеќе од клуб. Лани бевме во Србија, а годинава еден чекор подалеку. Наша годинешна “фудбалска дестинација“ е Хрватска, односно градовите Загреб и  Осиек. Заминуваме екипа од 28 члена, а покрај фудбалот ќе создадеме нови пријателства на кои се надевам ќе им возвратиме на наш терен во Битола, рече на трнување од Јени Маале, Владимир Крстевски.

Да потсетиме оваа година ФК Јени Маале во јуни ќе одбележи 15 години постоење, а како велат од клубот веќе се започнати подготовките за овој значаен за нив јубилеј.

More from ВестиMore posts in Вести »