Press "Enter" to skip to content

Повторно Хрват во Битола, голманот Ивиќ ново голманско засилување за Еурофарм Пелистер за идната сезона

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер од Битола, денес, по вчерашното официјализирање на Никола Митревски за настапи во новата сезона, претстави ново голманско засилување. Се работи за хрватски репрезентативец, голман со големо интернационално искуство, Филип Ивиќ.

-Ивиќ ќе биде нов член на нашиот клуб. 31-годишниот Ивиќ доаѓа во Битола како слободен ракометар по истекот на договорот со францускиот Шамбери. 195-сантиметри високиот загрепчанин кариерата ја започна во матичниот клуб, играше во полскиот Киелце, бундеслигашот Гумерсбах, словенечкиот Целје Пивоварна Лашко, па пак назад во Загреб и минатата сезона во Шамбери. Ивиќ долги години го носи дресот на националниот тим и настапи и на последното Европско првенство во Германија. Новиот голман на Еурофарм Пелистер потпиша договор на две години со нашиот клуб, велат од битолскиот клуб.

Официјалното претставување на Ивиќ во Битола е предвидено на крајот на месец мај.

More from ВестиMore posts in Вести »