Press "Enter" to skip to content

Увид во работата на фотоволтаичната централа ”Стрежево 1” на ЈП “Стрежево“ од Битола (фотогалерија)

Денес се изврши увид на работата на фотоволтаичната централа на ЈП “Стрежево“ од Битола на која присутвуваа покрај менаџментот на ова јавно претријатие, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, професори од Техничкиот факултет од Битола, директори на институции, советници во советот на Oпштина Битола, сегашни и поранешни членови на Управниот и Надзорниот орган на ЈП “Стрежево“, поранешни и сегашни вработени на претпријатието и други гости.Директорот на ЈП “Стрежево“, Менде Граматковски, по ивршениот увид на работите за новата фотонапонската централа ”Стрежево 1” рече:-Централата е изградена со сопствени средства во вредност од околу 30.000.000,00 денари, со моќност од 500kW, како нова инвестиција, на локација Брана Стрежево. Ова е првата изградена фотоволтаична централа со можност на изградба и на втора централа од ваков тип со оглед на фактот што имаме добиено дозвола за градба до 1MW. Основните технички карактеристики на ФЕЦ се следните: 1.248 монокристални фотонапонски панели, 6 инвертори со моќност од 440 kW, енергетски трансформатор 630 kVA, преносно ниво 35/0,4 kV и со годишно производство околу 700 000 kWh, а за самат инвестиција додаде:-Со оваа инвестиција започнуваме и процес на искористување на сончевата енергија како обновлив извор за добивање на електрична енергија покрај досегашното искористување  на водата од петте мали хидроцентрали Овој ден е еден од oние каде нема да бидам скромен и ќе кажам дека сум горд на себе од постигнатото, но истовремено сум горд и премногу благодарен на раководниот тим но и на сите вработени во реализирањето на оваа исклучително висока цел. Фотоволтаичната централа беше идеја и на претходните раководства, но добри идеи се само оние идеи кои се реализираат, но не и оние кои ќе останат на лист хартија односно нереализирани.-Успешното инвестирање во најдобри инвестициони проекти донесува до успешно работење и напредок на самото претпријатие. Инвестиционата одлука за овој проект е добро осмислен чекор, реален и рационален, еколошки одобрен со обликувана  јасна визија како приоритетен проект со сопствена развојна компонента. Овој проект има позитивен инпут врз работењето на претпријатието, економскиот ефект на инвестицијата е крајно оправдан со видлив резултат и предвидливи критериуми кои укажуваат на фактот – очекуваните ефекти ќе ги надминат вложените средства во инвестицискиот проект.Се обрати и министерката од Битола Бисера Костадиновска Стојчевска.Во името на Стрежево, Граматковски изрази благодарност Министерството за економија, Министерството за транспорт и врски, Агенцијата за енергетика, Општина Битола, професор д-р Љупчо Трпезановски, како и на Управниот и Надзорниот одбор на “Стрежево“.

More from ВестиMore posts in Вести »