Press "Enter" to skip to content

Ален Рустемовски од Пелистерски јунак од Битола во финалето на “Белградски победник“

Боксерот Ален Рустемовски член на боксерскиот клуб Пелистерски јунак се пласира  во финалето на Меѓународниот боксерски турнир “Белградски победник“.

Рустемовски во полуфиналето славеше против Шпанецот Габриел Ескобар на бодови 5:0, а сите судии му доделија бодови за победа, со резултати (30-27, 29-28, 29-28, 30-27, 29-28).

Во финалето на боксерски турнир „Белградски победник“ кое закажано за утре, недела од 17 часот Ален ќе се бори со рускиот репрезентативец Едуард Савин кој славеше во полуфиналето, исто како Ален на бодови 4:1, прорив Хамаруи Лунес од Франција.

-Рустемовски ќе има многу тежок противник, но еден од тие беше и Ескобар. Турнирот е генерална проба пред Европско првенство за сениори од 18 до 28 април во Белград. Мината година Рустемовски го освои 3-то место, а оваа година цели да биде победник, ни рече по вибер комуникација тренерот ма Рустемовски, Јове Петровски – Оцо, од кога утре очекуваме вести и за освоен златен медал.

More from ВестиMore posts in Вести »