Press "Enter" to skip to content

Колонијата “ДеНиро“ со изложба на Стојан Ѓуриќ од Србија во Офицерски во Битола (фотогалерија)

Синоќа во Офицерски дом во Битола свечено беше отворена изложбата на српскиот уметник, Стојан Ѓуриќ, во организација на Меѓународна ликовна колонија “ДеНиро“.На отворањето на изложбата за авторот и неговите дела зборуваше ликовниот критичар Владо Ѓоревски кој рече:-Ова е една гомеиот број на изложби кои со свои дела ја организира семејството Филеви, кои располагаат со една од најголемите колекции на уметнички дела. Насловот на вечерашната изложба е “Отаџбина душе“, што морам да кажам дека нема да можам да направам соодветен превод на македонски јазик. Стојан Ѓуриќ се надоврзува со сериозна синтетичка, онтолошка постапка кон апсолутот на српското сликарство започнат од Надежда Петрович, Шуманович, Коњович… Тоа не е само сликарски израз туку своевидна духовна генеза на едно од најавтентичните сликарства на Балканот и Европа. И тој, како и неговите предходници, покажува, докажува, дека српското сликарство е автентична, оригинална и сугестивна творечка појава. Тоа не е творештво кое учи или превзема од познатите ликовни центри, тоа е израз кој извира од најдлабоките паметења, чувствувањња, сонувањња, опстанок на еден народ. Во тој контекст, Стојан Ѓуриќ, развива специфичен експресионизам на колоритот, на потезот, на филозофскиот пристап,на лириката која ликовно се трансформира и во една поетска, скоро музичка гама со носталгични, интимистички, рефлексивни сликарски постапка низ која мирот, спокојството, е во совршена прегратка помеѓу земјата и небото, помеѓу домот и вечното огнише, помеќу архетипот и визијата за спасот на духовната татковина.-Сања Петровиќ која во Битола дојде, како рече“ од трите “завичаи“ на Стојан Журиќ, додаде:-Стојан Журиќ е роден во Велика Плана, место кое е 90 километри јужно од Белград, а тој град е еден од “завичаите“ на Стојан. Тоа што го забележите на овие слики е неговиот прв “завичај“ кој не е само негова географска одредница туку и одредница на неговата уметничка поетика. Тоа е Власина на југот на Србија од каде тој наоѓа посебна инспирација. Сите кои имаа можност порано да ги видат неговите слики можат да ги забележат препознатливите клучни мотиви, но и некои промени. Но, заедничка компонента и ова што е константно се мотивите на куѓи, вода, бродови и посебно мотиви на птици, крила. Трите нови циклуси на слики на Стојан Ѓуриќ се чини дека произлегоа од балканското колективно несвесно. Куќите како симбол на детството, сигурноста и топлината, во вознемиреното патување кон небото, се оддалечуваат од сигурна основа и брзо преминуваат во непознатото, неизвесното. Драги Филевски, идејниот творец и организарот на колонијата “ДеНиро“ за авторот додаде:-Тој е романтичар и претерано сентиментален, тоа му доаѓа како обожувач на херои кој се уште верува во нив, верува во добрини. Таквите како него поранешни и сегашни создаваат нови светови за нас. Наспроти оганот и мразот, наспроти лошата политика водена од неморални суетни личности, наспроти непријателства и невистини Стојан не попушта пред светот што постојано се менува. Да се слика е човечки, а кога Стојан слика е боженствено, тој црта се што ќе види и дури и повеќе од тоа. Можеби Стојан само ги бира правите бои и некако ги прави правите потези на правилно затегнато платно или на правиот дебел картон. Ама не… Се е до осетот, храброста и пркосот негов.На крај Стојан Ѓурик се заблагодари за можноста неговите дела да бидат изложени во Битола, и на убавите зборови кои за него ги кажаа оние кои претходно зборуваа, за неговите тајни кои ги пренесува понувајќи низ сегашноста, од местата каде поминува дел од времето. Стојан Ѓуриќ е роден во 1962 година во Велика Плана. Дипломирал и магистрирал сликарството на Факултетот за ликовни уметности во Белград. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Србија. Живее и работи во Белград и Велика Плана. Учесник е на над 250 колективни изложби во земјата и странство и на бројни ликовни колонии. Се занимавал и со фрескоживопис. Неговите дела се наоѓаат во многу јавни збирки во земјата и странство.

С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »