Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: задржка на урина-retentio urinae

Со д-р Васил Чипуровски, информираме за прегледи на внатрешните органи. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за задржка на урина-retentio urinae, за што вели:

-Retentio urinae претставува неможност за празнење на мочното ќесе или задршка на урина како последица на Бенигна хиперплазија на простата, вродени и стекнати стриктури на уретра, тумори на простата и мочен меур оклузии од калкулоза на уретра, хронична обстипација, различни невролошки заболувања и слабост на мускулиите на мочното ќесе.

Ехографски (ултрасонографски) мочното ќесе се визуелизира на трансверзален приказ како правоаголна анехогена форма со хиперехогени ѕид до 4 мм и на сагитален приказ како триаголна анехогена форма со јасни граници. Волуменот на мочното ќесе се добива од равенката :ширина х должина хнапречен пресек :2. Нормалниот волумен е од 300 до 600 мл урина над имаме retentio urinae.Rest urina е кога после уринирање имаме волумен на мокрача над 100 мл нормално е под 50 мл.

Клинички манифестации на ретенција се долно абдоминална болка, дизурија, олиго/анурија како и компликации хроничен пиелонефритис и хидронефроза со ХБИ. Отстранувањето на задржката на урина е најчесто со поставување на уринарен катетер а лекувањето е во зависност од етиолошки причинител на ретенцијата на урина.