Press "Enter" to skip to content

Пелистер Волеј од Битола започна соработка на повеќе нивоа со Универзитетот Тринити од Сан Антонио Тексас (фотогалерија)

Одбојкарскиот клуб Пелистер Волеј од Битола за прв пат во својата историја имаше можност да одработи заеднички тренинг и да размени искуства на повеќе нивоа со еден од најдобрите универзитети во САД, односно Универзитетот Тринити од Сан Антонио Тексас.На тренингот присуствуваа гости од Соединетите Американски Држави, играчи и идни тренери од одбојкарскиот тим на колеџот, спортски директори, тренери и професори.Посетата е плод на взаемна соработка која беше најавена по минатогодишното учество на нашиот тренер Ивана Белокозовска во програмата за младинско лидерство преку спортот во Сан Антонио, САД. Атмосферата во салата на медицинското училиште “Д-р Јован Калаузи“ беше воодушевувачка за сите па изгледаше како двете екипи одамна да се познаваат.Тренерите Ивана Белокозовска, Роберт Митковски и Александар Темелковски во знак на пријателство и сеќавање на оваа историска посета разменија дресови и сувенири со своите колеги од САД, Angela Breidenstein, Jacob Tingle, Randall Griffiths и Benjamin Simone.На крајот од тренингот двата тима направија заедничка фотографија, па несомнено понесени од импресиите си ветија дека ова нема да е последна средба. 

More from ВестиMore posts in Вести »