Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: во Битола одбележан денот на Црвениот крст и крводарителите (фото)

-Пред 10 години, традиционално Општинската организација на Црвениот крст од Битола одбележа два поводи, а тоа беа, и се и денес, меѓунардониот ден на Црвениот крст и денот
на крводарителите, со свечена академија и крводарителска акција, кои е одржаа во Народниот театар во Битола, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.На одбележувањата во Битола присуствуваа и делегации на збратимените општински организации на битолскиот црвен крст од Габрово и општина од Софија – Бугарија, Рашица од Романија и Врњачка бања од Србија.На крводарителите кои во 2014 година кои оваа година даруваа крв 50 и 75 пати им беа дипломи за крводарителите. Дипломи за 100 пати дарувања крв добија: Драган Блажевски од “Транскоп“ и Благоја Босилковски од РЕК “Битола“.Благодарност им беше укажана и на сите кои се вклучени во работата на Црвениот крст, а посебно на волонтерите за голем број активности кои ги организираат заедно со општинската организација на Битола.За време на свечената академија беа прикажани и два кратки документарци за Црвениот крст, а во културно уметничката програма настапија Маргарита Христова, “Блуз брадерс“, Вики и ученици од основното училиште “Кирил и Методиј“.Водител беше актерот и хуманист Петар Горко.

More from ВестиMore posts in Вести »