Press "Enter" to skip to content

Нова победа на Пелистер за сигурно второ место на табелата

Караорман – Пелистер 1:4 (0:2)

Екипата на Пелистер од Битола во рамките на 21. коло од Втората фудбалска лига, убедиво победи на гостувањето на стадионот “Градска плажа“ во Струга, против екипата на Караорман со убедлив резултат 1:4, полувреме 0:2.

Головите за Пелистер ги постигнаа Михаил Талевски за 0:1 во 30. минута, Благоја Љамчевски за 0:2 во 33. минута, за со овој резултат да се замина на одмор.

Во второто полувреме во 52. минута за 0:3 погоди Михаил Талевски. Стружани намалија на 1:3 во 84. минута, а конечните 1:4 го постави Костов во 87 минута.

Во ова 21. коло сите екипи кои се на врвот на табелата постигнаа победи, па така лидер останува Беса со 54 бода, Пелистер има 48 на второто, а Детонит Јуниор 45 на третото место. Арсими по ремито заостанува зад водечката тројка и има 39 бода.

More from ВестиMore posts in Вести »