Press "Enter" to skip to content

Победа на одбојкарките во Битола во претпоследното коло (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Куманово 3:0

(25:14; 25:20; 25:09)

Одбојкарките на Пелистер Волеј од Битола на свој терен во салата на Медицинското училиште го одиграа претпоследен натпревар за оваа сезона на домашен терен.

Во овој натпревар во Битола во кој Пелистер Волеј оправдано беше фаворит, тоа и го оправда, а шанса добија сите наши одбојкарки.Сите играчи се запишаа на листата на освоени поени: Марија Димитровска 7, Ивана Белокозовска 7, Антонија Стојковска 6, Мила Андоновска 5, Лиле Лозановска 4, Стефани Најдановска 4, Анастасија Ристевска 4, Евгенија Јовчева 3, Емилија Бицевска 3, Билјана Јаковлевска 2, Марија Ристеска 2 и Христина Трајчевска 1.

More from ВестиMore posts in Вести »