Press "Enter" to skip to content

Ученичката Јана Митевска со изложба на портрети во Горната (фото)

Во библиотеката на Гимназијата ,,Јосип Броз Тито” Битола талентирани ученици ги изложуваат своите дела. Една од нив е ученичката Јана Митевска од прва година ги изложи своите дела на тема портрети. По тој повод поразговаравме со Јана.За себе…

Јас сум Јана Митевска, ученичка во прва година во СОУ Гимназија “Јосип Броз Тито” во Битола. Уште од многу мала многу сакав да цртам. Тогаш ги цртав куклите со кои што играв и ликовите од моите омилени цртани филмови. Подоцна почнав да цртам портрети кои ги гледав на интернет. Инспирација…

Цртам и други теми, но најповеќе ме инпирираат ликовите, односно портретите, преку кои можам да го прикажам изразот на лицето на моделот, под дејство на  некоја емоција, фатено во еден момент, а преку изразот на лицето може да се допре длабоко во неговата душата. Портретите најчесто ги цртам со молив, а поретко користам акварел, темпери и акрилни бои. Идеја за изложбата…

Изложбата е по иницијатива на мојот професор по Ликовна уметност, Александар Поповски, кој го забележа мојот талент и ми предложи да направиме изложба на дел од моите творби. Портретите ќе бидат изложени во библиотеката на Гимназијата до среда 20 март. 

Текст и фото: Дамијана Ристевска 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »