Press "Enter" to skip to content

Функционирањето на универзитетскиот спорт на УКЛО Битола –  тема  на средба во Ректоратот со американска делегација (фото)

Професори, студенти и административен кадар од универзитетот Тринити од Тексас, САД во рамки на запознавање со менаџментот во македонските спортските организации, го посети УКЛО Битола. Средбата произлегува од интересот да го осознаат УКЛО како универзитет кој промовира поголема партиципативност на студентите во спортски игри што помогаат во зацврстување на телото и карактерот.Ректорот, проф. д-р Игор Неделковски  ги запозна со системот на организација на универзитетскиот спорт  и  бројните рекреативни  активностити на кои УКЛО им пристапува со посебен интерес и внимание.Воедно е нагласено дека од оваа календарска година спортско – рекреативните настани се одвиваат под боите на Алијансата КОЛОРС, како нова вредност.Гостите се запознаени и со досегашните успеси на универзитетските екипи на УКЛО на натпреварите од државните универзитетски лиги: освоено прво место во ракомет, второ место во кошарка, трето во мал фудбал, четврто место на екипите во одбојка во машка и женска конкуренција и поединечни втори места на државните лиги во шах и пинг-понг.Во рамки на средбата на која присуствуваше Марјан Љамчевски, виш соработник за култура и спорт на УКЛО и спортскиoт консултант, Николче Костовски, ректорот Неделковски информира за нововклучени спортски дисциплини за студентите и вработените на УКЛО: куглање, стрелаштво со воздушна пушка, веслање и едрење, како и  универзитетскиот турнир во тенис „UKLO OPEN“ што се очекува да прерасне во официјално државно универзитетско првенство.Воедно, американска делегација изрази интерес и за начинот на организација на редовните турнири во шах, пинг-понг и пикадо и атрактивните планинарски тури на Пелистер.По средбата во Ректоратот, делагацијата од универзитетот Тринити од Тексас, САД, учествуаваше на панел дискусии на иста тема со битолскиот спортски консултант, Николче Костовски, чиј стручен интерес покрај  менаџментот во спортот ги опфаќа и здравата исхрана кај спортистите и скаутингот.

More from ВестиMore posts in Вести »