Press "Enter" to skip to content

“ЈК Травел“ победник во категорија “Е-продавница“ за туристички услуги во изборот на најдобри трговци за 2023

Асоцијација за е-трговија на Македонија ја прогласи “ЈК Травел“ за победник во во категорија “Е-продавница“ за туристички услуги за 2023 година.

По добивањето на наградата од “ЈК Травел“ рекоа:

-Ова признание е доказ за нашата посветеност на совршеност и иновативност во обезбедувањето незаборавни искуства од патувањата со нас. Оваа награда, е потврда за нашата посветеност на искористување на технологијата од новата ера, за да се задоволат потребите на нашите клиенти, подобрувајќи го нивното патување од планирањето до пристигнувањето. Оваа награда за ЈК ТРАВЕЛ не е само пресвртница, туку мотивација да продолжиме да поставуваме стандарди во индустријата, каде имаме повеќе години водечка позиција. Нашата срдечна благодарност оди до организаторите што ги признаа нашите напори да го револуционизираме начинот на букирање на патувањата.

“ЈК Травел“ упатија благодарност кон нивните лојални клиенти и за нивниот посветен тим што го овозможија ова патување на успехот на “ЈК Травел“.

-За повеќе авантури заедно!