Викендов во Битола во Будо центарот “Пелистер“ се одржа полагањето за тренерски лиценци во реално аикидо за 2024 година.Полагањето беше организација на аикидо федерацијата на Македонија, според планот за работа, а технички организатор беше аикидо клубот Пелистер од Битола.Полагањето го предводеа мајсторите Ана Врачаревиќ – 9 дан од Белград, Србија и Ѓуро Илиќ – 8 дан од Битола, Македонија.-Ова е полагања за тренерски лиценци кое се одржува во рамките на планот за работа на Федерацијата и согласно соработката со Аикидо федерацијата на Србија. Како и претходно дел од Комисијата за доделување на лиценци беше и Ана Врачаревиќ – 9 дан од Белград, со која ние како клуб Пелистер, а и Федерација имаме одлична соработка. Да напоменам и тоа дека за тренерски лиценци беа пријавени кандидати од сите клубови во Македонија кои успешно се стекнаа со тренерски лиценци.-Ова не значи дека имаме поголем број на тренери, туку дека на овој начин со едукација на тренерите со добивање на лиценци, а претходно со посетување на семинари и секако индивидуална работа го зголемуваме квалитетот на тренинзите, а со тоа и поголеми натпреварувачки резултати, што е и нашата цел, додава Илиќ.
Ана Врачаревиќ и Ѓуро Илиќ ги “преслушаа“ кандидатите за тренерски лиценци во реално аикидо (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Вечерва се одржа настанот “Традицијата како начин на комуникација“ како дел од проектот “Smart4You2“ (фотогалерија)
- Ново лого за нова ера на КК Пелистер, трите врва на Баба планина, саат кулата во Битола и моликите на новиот врв
- In memoriam: Борче Илиевски – шаховски велемајстор
- Бељотчии од Битола ја одржаа 801 вечер за карти, играат секој четврток од 2001 година, рекорд за Гинис (фотогалерија)
- СВР Битола: опожарил мопед – полицијата го привела, татко пријавил дека 17 годишна девојка не се вратила дома од училиште
More from СпортMore posts in Спорт »
- Ново лого за нова ера на КК Пелистер, трите врва на Баба планина, саат кулата во Битола и моликите на новиот врв
- In memoriam: Борче Илиевски – шаховски велемајстор
- Кошаркарите на Пелистер на подготовки на Златибор, пред Супер купот и стартот на АБА2 во Битола
- Одлично деби на 18 годишниот Самоил Ристевски од Битола во тимот на Еурофарм Пелистер во Лигата на Шампиони (фотогалерија)
- Ангеловски: Загубивме од подобар ривал, радуваат настапите на нашите млади играчи