Press "Enter" to skip to content

Рустемовски по среброто на “Белградски победник“: победите и поразите се дел од спортот, ова беше и тест за Европското

Ален Рустемовски од Пелистерски јунак од Битола освои сребрен медал откако беше поразен на бодови од Русинот Едуард Савин на меѓународниот боксерски турнир “Белградски победник“, што за него е напредок по ланската бронза освоена минара година, исто така во Белград.

Рустемовски покажа дека може да се и носи и со најголемите, што се покажа најмногу во втората рунда од мечот, но тоа беше недоволно за победа и злато.

По големиот успех Рустемовски на својот ФБ профил напиша:

-Победите и поразите се составен дел од секој спорт. Имав два исклучително квалитетни противници од Шпанија и Русија кои се освојувачи на европски и светски медаљи и потекнуваат од две веле сили во боксот. Ова за мене беше вистински тест пред европското првенство за сениори кое ќе се одржи следниот месец исто во Белград. Ви се заблагодарувам на сите за поддршката и ви ветувам дека ќе тренирам повеке, ќе дадам се од себе и ќе се прикажам во најдобро издание на Европското првенство кое ни следува.

И тренерот Јове Петровски со слична изјава во која вели:

-Имавме голема желба да го добиеме овај меч и тоа не понесе заедно, но што е тука е млади сме, уште ќе учиме и ќе се наградуваме. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »