Press "Enter" to skip to content

ФИКТ – Битола со најновата опрема за виртуелна реалност го привлекува вниманието на јавноста, дури и на најмладите

Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ) – Битола повторно ги обедини заинтересираните на нова работилница од серијата работилници: ДОЈДИ и НАУЧИ. На 15-ти март 2024 год. се одржа работилница под наслов „Опрема за намалување на ризиците од поплави и пожари (купола за виртуелна релност (ВР), сензори, компјутери, дронови)“, од страна на проф. д-р Андријана Боцевска, професор на ФИКТ. Во Амфитеатарот на ФИКТ, рамо до рамо со студентите и професорите на ФИКТ, гости беа и поранешни студенти на ФИКТ денес вработени во компании од ИТ индустријата. Исто така, посетители беа и учениците заедно со своите професори од СОЕУ „Јане Сандански“, СОУ „Таки Даскало“ и ПСУ „САБА“.На почетокот на работилницата, учениците имаа можност да слушнат на кратко што им нуди ФИКТ доколку се запишат како идни студенти. Присутните ги поздрави организаторот на работилниците, продекан за наука и соработка проф. д-р Костандина Вељановска и им објасни на идните студенти за можностите покрај знаењето на часовите, да се стекнат и со дополнително знаење со присуство на вакви работилници.Деканот на ФИКТ, проф. д-р Благој Ристевски го истакна своето задоволство што во голем број учениците од средните училишта, повеќе пати го посетуваат Факултетот и се интересираат за нивните студиски програми и за новата опрема за виртуелна реалност.  Презентацијата на компјутерската опрема и софтвер за проценка на ризици, како и опрема за виртуелна реалност за спроведување обуки, на проектот „Превенција и управување со прекугранични комплексни поплави и шумски пожари“ беше проследена со внимание и присутните слушнаа за куполата за виртуелна реалност, моќните лаптоп компјутери, софтверската алатка за учество на граѓаните во цивилната заштита SOLVE, специјализираната опрема и софтвер за анализа на податоци за поплави и за шумски пожари. Проектот е финансиран од Европската Унија и националните фондови на земјите учеснички, во рамки на Интеррег програмата за погранична соработка со Грција. Со овој проект Факултетот за ИКТ преку Универзитетот „Св. Климент Охридски“ активно се вклучи со своето знаење да придонесе во напорите на заедницата за намалување на ризиците од шумски пожари и поплави.Од ФИКТ истакнуваат дека на нивно големо задоволство, ги угостија и најмладите посетители, учениците од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Битола кои дојдоа заедно со своите професори да научат како изгледа купола за виртуелна реалност.Ова не е прв ваков настан. Досега опремата ја разгледаа и учениците и професорите од СОУ „Јосип Броз Тито“ – Битола, СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола, СОУ „Крсте Петков Мисирков“ – Демир Хисар. Исто така, интерес пројавија и од SFERA International, кои во рамки на свој проект од програмата Ерасмус +, реализираа посета на ФИКТ за учесниците на семинарот во Битола со 20 учесници од 10 држави од Европа.

More from ВестиMore posts in Вести »