На 17.03.2024 во 20.00 часот во СВР Битола, од Казнено – поправната установа Затвор Битола било пријавено дека при претрес во просторијата во која биле сместени осуденици на возраст од 28 година од Битола, двајца на 32 години од Прилеп, 27 годишник од Скопје и битолчанец на 30 години биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе различни таблети и мобилен телефон.
Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола извршиле увид и го подигнале пронајденото за понатамошна постапка.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.