Press "Enter" to skip to content

Вечерва Државното музичко училиште од Битола со концерт во чест на Петар Сидовски – Пепи (фотогалерија)

Државното музичко училиште од Битола продолжи една убава идеја да посветува концерти на професори и ученици кои дале свој придонес за развојот на оваа музичка установа во Битола.Вечерва во Офицерски дом во Битола се оджа концертот “Requiem Si-Do“ во чест на на едно големо име кое со својот живот и дело и денес е светлина за многу генерации ученици и музички уметници, Петар Сидовски – Пепи.Професорите и учениците преку звуците на музиката оддадоа почит на еден новни професор, диригент, човек кој поголемиот дел од својот работен век го помина во Државното музичко училиште во Битола, живеејќи за возвишената уметност, музиката.-Денес, тој не е меѓу нас, но неговото име и дела се проткајуваат низ постоењето на нашето училиште, од самиот зародиш, а преку неговите бројни ученици – се до денес. Затоа со овој концерт кој е инициран точно од неговите ученици сакаме да му оддадеме почит на професорот Петар Сидовски – Пепи. Зборовите нема да можат доволно да ја искажат нашата благодарност кон него, затоа пак, музиката ја има таа моќ!, порачаа од музичко училиште од Битола.За одличниот концерт свој придонес дадоа професорите, учениците и надворешни музички соработници.Голема благодарност до сите вработени во Државното Музичко Училиште од Битола на чело со директорот Кирил Стојчевски упатуваа  на социјалните мрежи битолчани, кои како нагласија дека за големата посветеност за професорите кои оставиле големи траги и се темелот на оваа институција која отсекогаш па и ден денес е почитувана во Битола, Македонија, за тоа тие да останат во сеќавањата.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »