Press "Enter" to skip to content

Започна одбележувањето на Франкофонската пролет во Битола (фотогалерија)

Во НУУБ “Св.Климент Охридски“ – Битола отворена изложба на детски цртежи на тема “Здраво тело здрав дух“ посветена на Олимписки игри 2024 -Париз, Франција.На Конкурсот објавен од Француската Алијанса пристигнаа близу 80 цртежи изработени од ученици од основните и средните училишта од Битола и од Регионот.Жири комисијата со која раководеше уметницата и потпретседател на Управниот одбор на АФ, Љубица Буба Солак за најдобри ги прогласи:-Во категоријата на средните училишта Анастасија Радевска од Гимназијата “Цар Самуил”од Ресен,-Во категоријата основни училишта Анастасија Ристевска од ОУ “Славко Лумбарковски“од Новаци.Изложбата,пред присутните гости, ученици, наставници ја отвори директорката на АФ Каролин Повелете Златевска која на наградените им врачи пригодни подароци.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »