Press "Enter" to skip to content

Поставена нова урбана опрема на Широк Сокак

Екипи на Јавното претпријатие “Комуналец“ од Битола на Широк Сокак започнаа со замена на старата и поставување на нова урбана опрема.Денес по Широк Сокак се отрстанија оштетените стари клупи и канти за отпадоци низ Широк сокак, а се уредуваше во Градскиот парк во Битола.За утре, четврток планирано е засадување на садници во Новиот парк.

Замената на урбаната опрема на Широк Сокак е во рамките на акцијата на “Неделата на пролетта“, која во Битола се спроведуваат повеќе активности, насочени кон почиста животна средина.Носител на акцијата е ЈКП “Комуналец“, во координација со Општина Битола и активна вклученост на јавните претпријатија “Водовод“ и “Нискоградба“.

More from ВестиMore posts in Вести »