Press "Enter" to skip to content

Промовирана книгата за моќта и моќните во Битола на Пеце Цветановски (фотогалерија)

Вечерва во Офицерски дом во Битола беше промовирана книгата “Структурата на моќта во Битола“ на нашиот сограѓанин, авторот Пеце Цветановски, во издание на издавачка куќа “Восток“ од Битола и е посветена на моќта како општествена појава, а тоа е истоимената докторска теза која Цветановски ја одбрани на Институтот за социологија, при Филозовскиот факултет во Скопје во 2016 година.На промоцијата на книгата авторот рече:-Целта на ова дело беше да се обиде да направи истражување за моќните поединци во Битола, кои во периодот 2011-2014 година оставаат свој печат и обележје во стопанскиот и политичкиот живот во градот. Сакам вечерва на им заблагодарам на двајцата мои промотори на книгата во име на издавачот издавачка куќа “Восток“ од Битола – Михајло Свидерски и проф. д-р Ило Талевски, кај кого и ја бранев докрорската теза и додаде:-Според резултатите од истражувањето кое беше вршено заради одбраната на истоимената докторска теза – нагласува тој – утврдено е дека во Битола, како локална заедница, политиката се уште доминира во сферата на одлучувањето, со тенденција економските моќници полека да се осамостојуваат во однос на политичките партии, кои сепак, доминираат во власта. Тоа е суштински различно од она што се случувало во Атланта, каде доминирале економските моќници, а политичарите во најголем дел ги застапувале и остварувале интересите на економските моќници.Михајло Свидерски за авторот рече:-Пеце Цветановски е роден во Битола во 1956 година, дипломирал на факулетот за политички науки во Белград во 1980 година, а магистрирал и докторирал на Филозовскиот факултет во Скопје. Бил новинар во скоро сите локални телевизии и весници, а се пензионирал како промотор на Националниот парк “Пелистер“ од Битола, а ќе го прашам авторот зошто се одлучи да ја проучува моќта и покрај толку дефинции за моќта и што претставува моќта, на што авторот одговори:-Знам зошто ја проучував моќта, започнав прво да ја проучувам елитата, а тоа беше едно големо поле, кое со професорот го “стегнувавме“ до некоја реална можност за истражување, а гласеше структурата на моќта во Битола. Она што имав можност да го видам како млад во вработувањето, при моите средби, при политичките ангажмани… имав прилика да видам како некој може да ти направи индиректно, како народски вели, да ти истури вода под рогузина, да ти го расипе рајатот. Токму тоа ми се случи, а започнав да размисувам што е моќта и се обидов да направам една анализа, а тоа е токму оваа книга.Рецензентот проф. д-р Ило Трајковски на промоцијата рече:-Искрено се радувам што сум вечерава овде со вас, во овој објект и по овој повод. Објектот и поводот споделуваат еден заеднички содржател. Тој и по број и по дефиниција е мал, но моќен симболички и стварно. Тоа е зборот и симболот елита. И самиот објект – Офицерскиот дом на Битола и книгата на г-дин Цветановски се создадени на една иста или за една иста тема – елитата! Офицерскиот дом е оригинално замислен и почнат да се гради за време на Османлиското царство како палата и како тврдина на војничката елита. Подоцна за време на војните служел за забава на елитата на повеќе војски. Во мирно време воената елита се отворала кон другите елитите на граѓанството. Во еден периодот кога и јас го паметам беше „демократизиран“ до таа мерка што можеше во него да се влезе и со фармерки! Денес, овде ја промовираме книгата Структурата на моќта во Битола, книга која со научни концепти и тези зборува за битолската елита. Но, таа сега веќе не е војничка. Цветановски со емпириска студија покажува дека денешната битолската елита или тоа што локално се смета за елита е, пред се, стопанска, помалку политичка, а воопшто не војничка, ниту културна и уметничка или образовна.Битола покрај архитектонскиот портрет на својата елита, доби и еден социолошки и политиколошки портрет. Со тоа Битола застана рамо до рамо со неколкуте градови во светот кои на еден или друг начин станале свесни за местото и улогата на моќта и на нејзините носители во организацијата на животот во локалната заедница.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »