Press "Enter" to skip to content

Саат кулата – градскиот часовник во Битола, вечерва во боите на Француското знаме (фото)

По повод 20 март, Меѓународниот ден на Франкофонијата, на иницијатива на Францускиот Почесен конзул и Француската Алијанса и во знак на соработка со Општина Битола, Саат кулата, градскиот часовник се осветли во боите на Француското знаме.Инаку трите вертикални ленти во препознатливите бои на Францускиот триколор: темно сина, бела и црвена, како и нивниот распоред, се дело на познатиот уметник Жан Луј Давид. Се појавува некаде во периодот на Француската револуција во 1789 година.

Црвената и сината се боите на Парижаните кои први ја започнаа револуцијата,а во средината ја ограничуваат белата боја која ја  симболизира лимитирана кралска моќ.Франкофонијата и нејзините вредности се слави во 88 земји распоредени на сите пет континенти,  каде повеќе од 321 милиони говорители го зборуваат петтиот најзастапен светски јазик.

More from ВестиMore posts in Вести »