Press "Enter" to skip to content

Отворена изложбата на фотографија “Монохроматска меланхолија“ на Ивона Кочов (фото)

Вечерва во Офицерски дом во Битола беше отворена изложбата „Монохроматска меланхолија“ на Ивона Кочов, на која се изложени фотографии, селекција на најдобрите уметнички фотографии од долгогодишната работа на Ивона Кочов.Ивона Кочов е родена 1975 година, во Битола. За фотографијата се заинтересирала уште од најраното детство кога често ја посетувала импровизираната лабораторија на нејзиниот татко и стрико, кои ентузијастички се занимавале со развивање филмови и правење фотографии.На почетокот од 90-тите години почнува да фотографира со обичен аналоген фотоапарат кога и се запознава со Атанас Нашоку Саку, признат битолски и македонски фотограф од постарата генерација, кој пријатно изненаден од нејзината желба за фотографирање, и подарува фотоапарат „Зенит“. Кочов е добитник на голем број на награди. 

Текст и фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »