Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведени шест малолетници и двајца млади за марихуана, битолчанка пријавиле физички напад

На 20.03.2024 во 15.00 часот на ул. „Марко Цепенков“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола  лишиле од слобода 18 годишник  и еден малолетник, двајцата од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на настанот против нив ќе следува соодветна пријава.
   
На 20.03.2024 во 13.00 часот, полициски службеници од СВР Битола привеле пет малолетници и 19 годишник, сите од Битола. Тие биле затекнати во двор на црква во Битола и при преглед кај нив, кај двајца од малолетниците биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

На 20.03.2024 во 16.30 часот во СВР Битола, А.М. (46) од Битола пријавила дека била физички нападната од маж кој употребил и дрвен предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

More from ВестиMore posts in Вести »