Press "Enter" to skip to content

И со +12 и по три четвртини водство, кошаркарите на Пелистер поразени во АБА2 лигата

Пелистер – Подготрица 81:86

Три четвртини Пелистер имаше се во своите раце, а последната водство од 12. поени, но на крајот, тоа не беше доволно и за победа, а поразот само теоретски шанси за пласман во првата “осумка“ од ова регионално натпреварување. 

Добро прво полувреме, уште подобра трета четвртина, одличен почеток на последната. А потоа едно големо „запирање“ имаа кошаркарите на Пелистер во дуелот со црногорскиот претставник. Се им одеше во пролог на „зелено-бнелите“ во мечот во кој влогот беше пласман во најдобрите осум екипи во оваа сезона од АБА 2 лигата.

На почетокот на четвртиот период, Пелистер имаше и највисоки 70:58, а следуваше серија на подгоричани, за целосен пресврт, и водство, од 75:79, на нецели четири минути пред крајот. Планиниќ донесе и нерешен резултат 79:79, за неизвесна завршница во последните 90 секунди од играта. Со “тројка“ Подготица дојде до 79:82, а Костоски направи лична грешка во напад, по што Ѓукановиќ зголеми и 79:83 на 40 секунди пред крајот. Повторно Планиниќ погоди за 81:84, и добра одбрана, и неискористување на нападот за продолжение.

Најфикасен Андреј Малсинко со 24. поени, Планиниќ со 19.поени и Најт со 13 реализации.

Последната шанса за место во првата „осумка“ битолчани ќе ја имаат во сабота на пладне, кога ги чека дуелот со лидерот на табелата – екипата на Спартак од Суботица.

More from ВестиMore posts in Вести »