Press "Enter" to skip to content

“Кимоно инспирации“ изложба на Благој Мицевски, режисер и костимограф од Битола (фотогалерија)

Синоќа во фоајето на Центарот за култура во Битола отворена беше изложбата на Благој Мицевски, режисер и костимогаф во Народниот театар од Битола, изложба на традиционалното јапонско кимоно насловена “Кимоно инспирации“.На изложбата беа претставени дваесерина кимона кои го привлекоа вниманието на голем број битолчани кои беа присутни на изложбата, од која понесоа многу импересии.На изложбата беа присутни голем број колеги на Мицевски од НТБ, пријатели, љубители на културата од нашиот град, а за изложбата зборуваше и ја прогласи за отворена директорката на Центарот за култура од Битола, Маја Андоновска  – Илиевски, која симболично беше облечена во кимоно. -Ова е изложба на напиот еминентен режисер и костимограф, Благој Мицевски со кој што веќе неколку години договаравме да сработиме нешто заедно, а тоа го заокруживме на симболичен начин, вечерва, на првиот ден на пролетта кога ја отвораме оваа посебна изложба, со која ќе направиме испреплетување на култури од две различни страни на светот, овој пат со Јапонија.  Ние како Центар за култура секоја година се обидуваме егозтиката и различноста да ја воздигнуваме не само преку ваков тип на изложби, и соработката со јапонска амбасада со која што на неколку пати сме имале “Недела на јапонски филм“ и гостување на јапонска група на фестивалот “Илинденски денови“. Она што останува и сакаме да продолжи и во иднина е преку културата и уметноста да ги градиме тие мостови, истакна Маја Андоновска – Илијевски, директор на Центарот за култура, која го прочита и дел од предговорот на Оливера Павловиќ, кој го напиша за изложбата.-Пред крадот на летото на моjот живот, кога класjето се веке зрели и се очекуваат плодовите што следат, минливоста на животот ме допре силно – во желба да се доживее вечното во мигот што поминува безвозвратно, побарав споко во еден манастир, на падините на Беласица. Сретнав девоjка што ми подари цвет – од хартиjа. Изработен во техника оригами. Беше толку жив, што посакав да j наполнам Градината на моjот миг во Убавото со безбро цвекиња. Знаев за таа чудна техника оригами, ама не знаев ништо за нејзината смисла и практикување. Ме обеде магичноста на самото вешто работење со прстите. Како тоа обичен квадратен плоснат лист хартија станува обемна фигура со своја статика, естетика, смисла! Како едното станува друго, единственото – мноштво фигури, како елементарното станува композитно. Единство на се со се.Благој Мицевски на отворањето на изложбата рече: -Повеќето кимона се повлечени од депото на Народниот театар од Битола од претстави во кои се играле, години наназад и изложени се и кимона кои се направени за оваа пригода за да ја дополнат приказната како Јапонците го разбираат животот. Тие во една реченица викаат велат животот е бесмислен и пак ќе биде пролет, лето, есен и зима. Ние на денот на пролетта сакаме да го започнеме пак тој циклус и да оставиме зад нас нешто убаво. Ако треба во една реченица да кажам зошто ја правиме оваа изложба ќе кажам: ние сме уметници, и наша работа е да правиме убави нешта и да оставаме убавина зад себе. Облеката и костимот е ефемерен, после годините пропаѓа и се губи неговата фунција, а останува само на убавите фотографии кои што се спацијално направени за оваа изложба, фотографии кои се направени од оваа изложба и каталогот.Изложбата е дел од годишната програма на НУ Центар за култура – Битола и е финансиски поддржана од Министерството за култура. Сите љубители на модниот дизајн ќе имаат можност да ја погледант изложбата во фоајето на Центар за култура – Битола во следните 10 дена.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »