Press "Enter" to skip to content

Кугланата во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола започна со редовна работа (фото)

Во рамките на „Неделата на пролетта“, која ја реализира општина Битола во соработка со јавните претпријатија, попладнево започна со редовна работа кугланата во спортската сала „Боро Чурлевски“.Од денес, кугланата е отворена за сите граѓани кои сакаат рекреативно да куглаат, за разлика од досегашниот период, кога функционираше како затворен тип, односно се користеше само за професионалните спортисти.На денешниот настан на кој беа претставени и условите кои треба да се почитуваат за користење на салата, заедно со граѓаните љубители на куглањето и членовите на кугларските екипи „Пелистер 1982“ и „Пелистер Пин“ присуствуваа и претседателот на кугларската федерација на Македонија Игор Михајловски, заменик градоначалникот на Општина Битола Бојан Бојковски, директорот на ЈП “Комуналец“ Горан Стевановски, претставници на општината, Советот на Општина Битола, вљубеници во куглањето…Директорот на ЈП “Комуналец“, Горан Степановски, претријатието кое ќе стопанусува со кугланата рече:-Од денес секој од нас, со другари, со пријатели, родители ќе може да кугла, а сакам како денес во кугланата да има млади со љубов кон овој спорт. За мене и за “Комуналец“ ова прв пат да организираме работа на една куглана и за прв пар Битола ќе добие куглана за комерцијална намена, а досега работела за официјални натпревари. Кугланата ќе работи од понеделник до сабота во одредените термини кои ќе бидат објавени. Оваа куглана е единствена во регионот која ги исполнува сите стандарди да играат официјални натпревари. Се надевам дека успешно ќе работиме и со тоа ќе го развиваме куглањето во Битола, голем број на таленти ќе успеат да заиграат во дресот на Пелистер, а и на македонската селекција.Заменик градоначалникот на Битола, Бојан Б0јковски рече:-Благодарност на сите кои сте тука, но посебна благодарност до Игор Михајлоски кој изминатите две години се залагаше кугланата да биде отворена за битолчани, за комерцијална употреба. Сакам и да упатам благодарност до сите куглари и кугларски во градот затоа што се грижеа за кугланата, да не се оштети нешто за да денес биде во одлична состојба, како нов објект. Од сега ќе управува со кугланата ЈП “К0муналец“ а се надевам домаќински, а и понатаму ќе биде во ваква состојба, како што е сега. Со оваа куглана се надевам дека овој спорт, ќе биде уште популарен кај младите.Зоран Петковски, претседател на Комисијата за спорт во Советот на Општина Битола додаде:-Ние како Комисијата за спорт во Советот на Општина Битола ќе продолжиме да го помагаме клубот и да имаме уште подобри услови во кугланата за да привлечеме што поголем број на млади луѓе да се занимаваат со куглање и да произлезат уште поголем број на таленти кои ќе бидат вклучени во натпреварувачки систем. Претседателот на кугларската федерација на Македонија Игор Михајловски на денашниот настан рече:-Посакувам да биде кугланата што повеќе исполнета со рекреативци, ученици, студенти, млади и повозразни љубители на оваа убава игра. Тоа е многу добро и прогресивно за постоечките кугларски клубови. Ќе дадеме максимална поддршка да ги научиме сите оние кои ќе покажат интерес и чувство за прецизност и очекувам во наредните 5-10 години да бидиме принудени како град да правиме нова 6 или 8 стазна куглана за да има место за сите екипи кои ќе произлезат во наредниот период. Скопје и Битола се градовите каде се негува оваа игра, па и да го прошириме спортот во другите градови ширум Македонија.Слободните термини за користење на салата ќе бидат редовно објавувани, а дополнителни информации граѓаните може да добијат и директно во спортската сала.За да можат граѓаните да рекреираат, задолжително е во просторот каде што се наоѓаат кугларските патеки да ги почитуваат правилата за влез во кугларскиот дел, со цел да се овозможи соодветно одржување на просторот и да се спречи евентуално оштетување на опремата.

Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »